23.11.2017

Најважно е што победивме

Со 20 поени и шест асистенции запишани зад неговото име, капитенот на националната селекција во машка сениорска конкуренција беше втор стрелец на натпреварот против Словачка во рамки на првиот прозорец од претквалификацискиот циклус за Евробаскет 2021.

Ова е важна и голема победа за нас, одигравме одличен натпревар, особено во одбраната. Во второто полувреме ние пропуштивме некои отворени шутеви, но сепак на крајот успеавме да победиме. Тоа е важно за нас. - кусо истакна капитенот Војдан Стојановски кој беше втор поентер на овој натпревар.

 За три дена сениорите ќе ја нагостат Швајцарија во Скопје. Натпреварот ќе се одигра во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот и 45 минути. Влезот е бесплатен.