21.12.2017

Семинар за судии во рамки на проектот на ФУСМ „Училишни спортски лиги”

Одржан семинар за судии во рамки на проектот на ФУСМ „Училишни спортски лиги”

FIBA инструкторот Влатко Цветаноски заедно со претседателот на судиската комисија при Македонската кошаркарска федерација, Димитар Терзовски говореа за основните правила на кошаркарската игра на семинарот за обука на млади судии во училишниот спорт. Семинарот беше одржан во просториите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, во рамки на проектот на Федерацијата на училишен спорт во Македонија насловен „Училишен спортски лиги“. Терзовски и Цветаноски ги споделија своите искуства од меѓународните натпревари од кои досега биле дел.

НАПОМЕНА
Фотографиите се преземени од Фејсбук профилот на Федерацијата на училишен спорт во Македонија.