23.12.2017

Турнир М14: Победа за кошаркарките на Гостивар

Вториот натпревар во рамки на групата А од турнирот за девојчиња до 14 години заврши со резултат во полза на младите кошаркарки на Гостивар 2009. Избраничките на Кире Атанасовски беа посилни од кошаркарките од Крива Паланка, за кои ова беше прв натпревар од групната фаза. Во финишот, Госитвар славеше со 23-38 односно 0-11, 10-10, 1-9 и 12-8 по четвртини.