Нашата национална селекција во сениорска машка конкуренција на крајот на месец февруари ќе одигра уште еден натпревар од првата рунда во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021. Во моментов, нашата селекција е првопласирана во групата А, а на денешниот ждреб во Минхен се извлекоа и групите за втората рунда од овој претквалификациски циклус.

Доколку Македонија го задржи првото место во групата А, тогаш во наредната рунда ќе се пресмета со четврторангираните селекции од групите Ц и Д од европските квалификанти за СП2019. Засега, тоа се селекциите на Косово и Хрватска.