Тековниот викенд, во домашното првенство ќе се одиграат натпревари во рамки на сите сениорски натпреварувања, во машка, но и во женска конкуренција. 

Кај дамите, Пелистер ќе го нагости Трокал и ќе брка победа за задржување на удобното трето место на табелата. Кошаркарките на Струга 2009 во реприза од Куп-полуфиналето ќе се надигрува со Бадел 1862. Кошаркарките од редовите на освојувачот на Куп-трофејот – Вардар ќе добијат слободен викенд.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
Пелистер – Трокал; 3. март; почеток 15:30
Струга 2009 – Бадел 1862; 4. март; почеток 13:30

Месецот март ќе биде поинтензивен со натпревари кога станува збор за Првата лига во машка сениорска конкуренција. Дванаесетте клуба ќе се борат за првите шест места на табелата кои водат кон Суперлигата, во исто време обидувајќи се да ги избегнат последните шест места кои водат кон битката за опстанок во елитната конкуренција.

Шест кола ќе одиграат прволигашите овој месец, а првото од нив е резервирано за овој викенд.

Блокотехна ќе го нагости се уште непоразениот Работнички. „Центарци“ немаат пораз во регуларното првенство, единствена ’црна дамка’ оваа сезона е поразот од МЗТ Скопје Аеродром во финалето од Купот. Избраниците на Марјан Илиевски сигурно ќе сакаат реванш за поразот во првата меѓусебна средба, во тогашната битка на непоразените прволигаши во рамки на шестото коло. Натпреварот кој важи за дерби на колото ќе биде пренесуван во живо на МРТ (собраниски). Две двојки од долниот дел на табелата ќе се пресметаат во ова коло – Кожув ја пречекува Струмица додека Карпош Соколи ќе гостуваат кај Пелистер. Шкупи ќе бара одвојување од дното преку АВ Охрид, кумановци ќе бркаат бодови против кавадарчани, а колото ќе го затвори шампионот МЗТ Скопје Аеродром на гости кај Гостивар.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
Блокотехна - Работнички; 3. март; почеток 13:00 ПРЕНОС НА МРТ
статистика
Кожув - Струмица; 3. март; почеток 17:00
статистика
Пелистер – Карпош Соколи; 3. март; почеток 18:00
статистика
Шкупи – АВ Охрид; 3. март; почеток 18:00 ОДЛОЖЕН
статистика
Фени Индустри – Куманово 2009; 3. март; почеток 18:00
статистика
Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром; 6. март; почеток 18:00
статистика