Младите кошаркарки на Трокал од Кавадарци го изненадија победникот на предновогодишниот турнир за девојчиња до 14 години и помлади Бадел 1862 откако во трилер завршница ги совладаа со 35-36 односно 7-5, 9-4, 8-15 и 11-12 по делници. Избраничките на Никола Златев знаеја како да ја срушат самодовербата кај противничките на Жаклина Стојановска кои пак се мачеа со играта во одбраната. Финишот се сведе на игра од пенал-линијата од која триумфираа младите кавадарчанки.

Следно на распоредот е натпревар помеѓу Крива Паланка и Гостивар.

Бадел 1862 ќе се пресмета со Пелистер во 12:45 додека Трокал против кошаркарките од Битола ќе игра во 15:15.