05.06.2018

Јуниорите започнаа со подготовки

Репрезентативците до 18 години денес официјално започнаа со подготовките за Европското првенство (дивизија Б) кое тековното лето ќе се одигра во нашата престолнина. Селекторот Панче Милевски, заедно со своите стручни советници и асистенти Марјан Ѓуров и Никола Велев одржаа кус состанок со јуниорите, а потоа му ги ’предадоа’ на Петар Баснарков кој ќе работи со нив.

По неколку дена подготовки во Скопје репрезентативците ќе заминат на една седмица во Маврово, а потоа ќе продолжат в Скопје се до почетокот на првенството. Закажани се и пријателски натпревари со соодветните селекции на Бугарија, Романија и Австрија в Скопје како и пријателски турнир на гости во Турција.