Селекција 3х3 до 23 години ќе земе учество на овогодишното издание на Медитеранските игри кои се одржуваат во Тарагона, Шпанија, поддржани од Македонскиот Олимписки Комитет. 

Селекцијата 3х3 до 23 години, составена од Блажо Митков, Даниел Нацевски, Андреја Атанасов и Дамјан Робев, заедно со претседателот на здружението за промоција на 3х3 Драган Караџовски и интернационалниот судија Александар Давидов утре (понеделник, 25. јуни) ќе заминат за Тарагона каде во наредните три дена ќе се надигруваат со своите врсници во баскет.

Комплетниот распоред, како и резултатите од натпреварите ќе можат да се следат на следниот ЛИНК.