Нашата младинска репрезентација е во последната фаза од подготовките за Европското првенство (дивизија Б) кое од 12. јули ќе започне да се одигрува во Бугарија, поточно Софија.

Кошаркарите дел од репрезентацијата до 20 години досега одиграа неколку пријателски натпревари, а од последните одиграни надвор од границите на Републиката - против домаќинот на првенството, се враќаат со два пораза.

Избраниците на Никола Василев, синоќа загубија од своите врсници со 86-72, а денес 62-60.

Пред заминување за Бугарија на првенството, репрезентацијата до 20 години ќе одигра уште два пријателски натпревари, на домашен терен против Романија.