Изминаа пет дена од отворањето на Европското првенство за кошаркари до 20 години (дивизија Б) на кое учество зема и нашата младинска репрезентација со што се комплетира и изгледите по групи.
Нашата репрезентација, беше дел од групата А, а по четири одиграни натпревари младинците се пласираа на третото место со скор од две победи и два пораза.

Во рамки на првиот натпревар, одигран против Летонија, нашите младинци го отворија првенството со висок пораз од 79-39 (статистика, снимка). На вториот натпревар, одигран против Белгија, избраниците на Никола Василев прикажаа подобра игра на теренот, но сепак недоволна за победа. Белгија ни нанесе пораз од 65-76 (статистика, снимка).Првата победа ни дојде на четвртиот ден од ова натпреварување, кога нашите кошаркари ги совладаа врсниците од Азербејџан со 67-74 (статистика, снимка). Самодовербата остана висока, па младинците го совладаа и тимот на Белорусија со 84-77 (статистика, снимка).

Двете победи и двата пораза не пласираа на третото место на табелата во групата А. што значи разигрување за пласман од деветтото до шеснаесеттото место на првенството. 

Третопласираниот од нашата група, вкрстува со четвртопласираниот од групата Б - во случајов тоа е Албанија.

Натпреварот е закажан за в петок (20. јули) со почеток во 12:45.
Како и досега во текот на првенството, линковите до статистиката, преносот и сите останати информации се поврзани на насловната страница на веб-страницата на МКФ.