Нашата женска кадетска репрезентација денеска го одигра првиот пријателски натпревар во рамки на подготвителниот период и запиша победа од 60-52 против соодветната репрезентација на Косово. Селекторот Стојна Вангеловска на располагање имаше 15 кошаркарки чија игра за првпат ја тестира на паркет против противник ова лето.

Кадетките ќе продолжат да се подготвуваат в Скопје, а за две седмици им гостуваат селекциите на Израел, Словенија и на Босна и Херцеговина на турнир. Ова лето, кадетките ќе настапат на Европското првенство за кошаркарки до 16 години (дивизија Б) кое ќе се одигра во Црна Гора од 16. до 25. август.