Националната селекција до 14 години денеска и официјално означи почеток на подготовките. Селекторот Жаклина Стојановска, заедно со членовите на својот стручен штаб Кире Анастасоски и Кристијан Шумковски повика шеснаесет кошаркарки кои ќе се борат за место во селекцијата која ова лето ќе земе учество на Slovenia Ball, турнир кој традиционално се одржува во Словенија и е своевиден пандан на континентално првенство. 

Меѓународниот турнир ќе се одигра во периодот од 16. до 20. август, а во рамки на групата А, Македонија ќе разигрува со соодветните селекции на Хрватска, Израел, Летонија како и со домаќинот Словенија. 

Оваа селекција е дел и од втората генерација на ФИБА проектот „заедно до М16“ кој започна да се реализира пред нешто повеќе од еден месец.