Репрезентативните кадетки запишаа пораз во вториот натпревар на пријателскиот турнир кој се одигрува во Скопје.

Избраничките на Стојна Вангеловска беа рамноправен противник на врсничките од Израел, но вториот период изгубен со речиси двојно помалку поени значеше и пораз од 52-68.

Следно за нашите кадетки е пријателски натпревар против врсничките од Словенија, закажан за утре (10. август) со почеток во 17:00 часот во малата сала на Кале.