25.08.2018

Селекцијата до 14 години ќе разигрува за петтото место на Slovenia Ball

Националната селекција до 14години во машка конкуренција запиша уште една победа на меѓународниот турнир Slovenia Ball и утре ќе разигрува за петтото место.

- Победата над Украина, која ни донесе борба за петтото место, е всушност наша одмазда. Пред точно една година Украина ни нанесе пораз со 12 разлика, а оваа години славевме ние. Имаме 24 часа да се подготвиме за следниот натпревар, против Црна Гора. Доколку победиме и го освоиме петтото место тоа ќе биде наш најдобар резултат на Slovenia Ball. - Потенцира селекторот на оваа национална селекција, Благоја Кечовски. 

Натпреварот против Црна Гора за петтото место е закажан за утре (недела, 26. август) со почеток во 13:30.

 

РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА  -  Словенија 56-69
МАКЕДОНИЈА - Хрватска 82-55
МАКЕДОНИЈА - Русија 51-79
МАКЕДОНИЈА - Унгарија 54-66
МАКЕДОНИЈА - Украина 70-66