29.08.2018

Баду триумфално минаа и низ Пробиштип

Четиринаесет екипи од Македонија земаа учество на четвртиот 3x3 FIBA Endorsed турнир за оваа тековна година, организиран во Пробиштип. Само еден ден одмор им беше потребен на баскетџиите на Баду да повторно бидат прогласени за најдобри. 

Финалниот натпревар и исходот од истиот, беше реприза на оној пред два дена во Гевгелија помеѓу екипите на Баду и Кантина. Овој пат, Баду триумфираа со убедливи 22-9 и го освоија првото место и вредната парична награда во висина од 800 евра. 

Резултатите од сите натпревари одиграни во Пробиштип се достапни на следниот ЛИНК.

Следат неколку седмици одмор, па нов турнир кој ќе биде организиран во Свети Николе.

Официјални лица на турнирот (од лево кон десно): Андреј Златевски, Кристијан Филиповски, Мартин Петровиќ.

Напомена: Насловната фотографија е преземена од 3x3Macedonia!