10.09.2018

Повик до медиумите за акредитирање новинарски екипи за натпреварот Македонија - Романија

Македонската кошаркарска федерација ги повикува сите медиумски куќи за акредитирање на новинарски екипи за следење на натпреварите во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021, втора фаза, кои нашата А селекција ќе ги одигра на домашен терен.

Првиот натпревар од оваа фаза кој ќе го одиграме на домашен терен е закажан за в недела (16. септември) со почеток во 18:15 во vip арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Барањата за акредитации да се испратат најдоцна до четврток (13. септември) на office@basketball.org.mk