Репрезентацијата во машка сениорска конкуренција денеска заминаа за Косово каде утре ќе го одиграат првиот натпревар во рамки на втората фаза од претквалификациите за Европското првенство кое е закажано на календарот на ФИБА за 2021 година.

Сениорите ја поминаа првата фаза како првопласирани во групата со само еден пораз и со тоа се пласираа во втората фаза. 

Натпреварот против Косово ќе се одигра на 13. септември (четврток) во Приштина, со почеток во 20часот и 30минути и истиот натпревар ќе биде пренесуван на телевизијата Алфа.

Три дена подоцна сениорите ќе го одиграат вториот натпревар од групанта фаза, против Романија в Скопје во vip арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.