Дисциплинската комисија при Македонската кошаркарска федерација во состав Кирил Колемишевски (претседател), Филип Крстев и Сашо Бузлиев на седницата одржана на ден 10. септември, 2018 година донесе две решенија постапувајќи по дисциплинскиот правилник на МКФ, а по пријавата на Комесарот за натпреварување Владо Цветковски против Данчо Ивановски – делегат и по пријавата на Димитар Терзовски, Пресетадел на Судиска комисија поднесена против Данчо Ивановски – делегат и против Антонио Угринов, меѓународен кошаркарски делегат-контролор.

Донесена е одлука дека двете лица против кои се поднесени пријавите се виновни за дисциплински прекршок при што на истите им се изрекуваат казни во форма на временска забрана за вршење на должност.

Времетраењето на казните се смета од денот на правосилноста, а завршува ден пред датумот на последниот месец од изречената казна.

Одлука - решение; Данчо Ивановски
Одлука - решение; Данчо Ивановски и Антонио Угринов

Датум на прием:
Данчо Ивановски - 2.10.2018
Антонио Угринов - 1.10.2018