По две седмици пауза поради репрезентативните активности по календарот на ФИБА продолжуваат возбудувањата во Првата лига во женска сениорска конкуренција во Република Македонија, со два тима остануваат со епитетот непоразени во досегашниот тек на првенството.
Дваесет и две кола односно 110 натпревари ќе бидат потребни за да се заврши регуларниот тек на сезоната, а досега беа одиграни вкупно 30 натпревари.

Ланскиот вицешампион во оваа конкуренција, Вардар, се наоѓа на врвот на табелата со шест победи запишани на вкупно шест одиграни натпревари односно со максимални 12 бода. Во рамки на првото коло Вардарки славеа на гости кај Патриот во Делчево (19-81), потоа славеа и на домашен терен против Крива Паланка (104-30), во третото коло го совладаа Трокал (18-75), следеше триумф над Струга 2009 (91-49), потоа над Работнички (58-76) и против Гостивар во последното одиграно коло (101-42). Реприза од минатосезонското финале во плејофот ќе имаме во осмото коло кога вардарки ќе ги нагостат баделки.

Кошаркарките на Бадел 1862 се вториот непоразен состав во оваа конкуренција со 10 освоени бодови од пет одиграни односно ’добиени’ натпревари. Во рамки на првото коло баделки се надигруваа со новајлијата Работнички (62-68), во второто коло го совладаа тимот на Гостивар (119-45), потоа Баскет Кам (57-88), Патриот (36-125) и Шкупи (99-26). Актуелниот шампион на Република Македонија во женска сениорска конкуренција паузира во шестото коло, а во наредното седмо коло ќе го нагости составот на Пелистер.

Битолчани имаат идентичен број на бодови како и баделки, освоени од четири победи и два пораза. На четвртото место на табелата (поради подобра кош-разлика) се наоѓа екипата на Струга 2009 со скор од 4-1 и девет бода. Идентичен скор и број на бодови има и екипата на Баскет Кам. Крива Паланка се наоѓа на средина на табелата со осум бода кои се должат на две победи и четири порази. Работнички и Патриот имаат по седум бода со скор 2-3 односно 1-5. Скор од 1-4 и по шест освоени бодови имаат Гостивар и Трокал додека Шкупи се наоѓа на дното на табелата со максимални шест порази од шест одиграни натпревари односно шест бода.

Двојки коло 7 ПЛЖ
Гостивар – Крива Паланка
Струга 2009 – Патриот 2016
Работнички – Трокал
Баскет Кам – Вардар
Бадел 1862 - Пелистер

Распоред на натпревари ПЛЖ сезона 2018/2019