Нашите сениори извојуваа трета победа во низа во рамки на групната фаза од втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2021. Избраниците на Јорданчо Давитков вторпат во оваа фаза од претквалификациите запишаа триумф над соодветната репрезентација на Косово, овој пат на домашен терен во Гевгелија. Репрезентативците имаа мали падови во играта, но силниот старт ги инспирира за да се вратат во игра уште посилни во вториот дел од натпреварот и рутински да го сведат крајот. Во финишот нашите кошаркари славеа со 78-68 односно 29-16, 10-19, 22-12 и 17-21 по делници.

Следи одмор до февруари кога сениорите ќе го одиграат последниот натпревар во оваа фаза, против Романија на гости.

Ѓуроски (7), Магдевски (6), Симоновски (3), Трајковски (23), Витингтон (15), Стојановски В. (14), Стојановски Д. (10)