16.12.2018

заврши кадетскиот турнир во Романија

Кадетите второпласирани, кадетките на четвртото место на турнирот во Романија

Македонската кошаркарска федерација ги испрати кадетите и кадетките на пријателски меѓународен турнир во Романија кој се одржа во периодот од 12. до 15. декември. Репрезентативците и репрезентативките одиграа по четири натпревари односно пет со соодвените селекции на Црна Гора, Романија и Унгарија односно со репрезентативките на Унгарија, Бугарија и на Романија.

Кадетите запишаа три победи и само еден пораз со што завршија како второпласирани на овој турнир. Андреј Митревски беше избран во идеалната петорка од турнирот. Кадетките не успеаја да запишат ниту една победа и турнирот го завршија како четврто пласирани.

РЕЗУЛТАТИ:
Кадети
Унгарија – МАКЕДОНИЈА 53-64
Романија – МАКЕДОНИЈА 72-68
МАКЕДОНИЈА – Бугарија 65-63
Црна Гора – МАКЕДОНИЈА 60-73

Кадетки
Романија – МАКЕДОНИЈА 84-40
МАКЕДОНИЈА – Унгарија 34-86
Бугарија – МАКЕДОНИЈА 64-43
Романија – МАКЕДОНИЈА 69-31
Бугарија – МАКЕДОНИЈА 70-42

 

Статистика:
Кадети
Кадетки