14.02.2019

Список на кошаркари повикани за сениорска репрезентација

Сениорската репрезентација во машка сениорска конкуренција идната седмица ќе го одигра последниот натпревар во рамки на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2021. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала во градот Плоешти на 21. февруари со почеток во 19:00 часот.

Предводникот на оваа национална селекција Јорданчо Давитков излезе со списокот на кошаркари кои треба да се појават в сабота на првата прозивка закажана во 17:00 часот во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански.

Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Александар Костоски
Дарко Соколов
Бобан Стајиќ
Андреј Магдевски
Димитар Караџовски
Марко Симоновски
Стојан Ѓуроски
Бојан Трајковски
Љубомир Младеновски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Ричард Хендрикс