Нашата сениорска репрезентација во машка конкуренција го одржа собирот во пресрет на последниот натпревар од втората рунда претквалификации за Евробаскет 2021. Кошаркарите ќе бидат комплетирани в понеделник со доаѓањето на Ричард Хендрикс, а в среда ќе заминат за Романија каде во Плоешти ќе го одиграат последниот натпревар од оваа фаза.

Љупчо Малинков:
Се наоѓаме на првата позиција, играме со Романија на гости. Првиот натпревар го добивме 14 разлика, се наоѓаме во добра позиција да го продолжиме победничкиот дух и мислам дека овој меч ќе н ирешава како понатаму. Имаме наредни „прозорци“ на ФИБА во октомври и ноември, тогаш ни доаѓаат вистинските мечеви. Со оглед на тоа што имаме еден меч, чекаме истиот да помине. Потоа ќе гледаме што и како. Посакуваме да сме во борба на ЕП. Мислам дека во Романија ќе одиграме на исто ниво како на првиот меч во Скопје. Го познаваме ривалот, има најава дека нема да има игра Кути, кој е еден од најдобрите нивни играчи. Но, ние се спремаме дека против нас ќе имаме целосен ривал

Владимир Темелковски, спортски директор на МКФ
По одложувањето на Купот поради смртта на наши сограѓани во страотна сообраќајка, меѓу нив и еден кошаркар од вториот тим на Гостивар, решивме да ги почнеме подготовките порано од предвиденото. Наидовме на разбирање кај кошаркарите и клубовите. Се надеваме дека со победа ќе ги завршиме квалификациите. Кошаркарите дадоа и го даваат максимумот. Работиме да ја вратиме кошарката на претходното ниво. Патот е тежок. Бевме на дното, сега полека се враќаме нагоре. Наша цел е да играме на едно ЕП. Се надеваме дека ќе го минем еовој циклус според планираното и ждрепката ќе ни додели добри противници. МКФ како федерација ги дава најдобрите услови за сите кошаркари, размислуваме и на поголемо имплементирање на помладите, како Мекиќ, Маслинко, Димитријевиќ, Ефремовски, се бориме да го донесеме и Здравевски, но водиме борба со германската кошаркарска федерација. Ќе видиме што ќе биде, само да сме сите тука заедно

Војдан Стојановски
Добра е атмосферата во тимот, имаме победи, сакаме да ги продолжиме во Романија. Не треба да одиме таму и да размислвуаме на евентуален пораз поради триумфот во Скопје, туку да мислиме позитивно. Сакаме да го продолжиме овој циклус онака како што го почнавме. На натпреварите со Косово и Романија шанса добија и помладите, мислам дека истите во иднина треба да добијат уште поголема минутажа, затоа што тоа е нашата кошаркарска иднина