12.04.2019

Работнички преку Куманово до полуфинале во Купот

Актуелниот шампион во домашното првенство без проблеми го совлада составот на Куманово во рамки на вториот четвртфинален натпревар од државниот Куп. Избраниците на Марин Докузовски беа доминантни на теренот во текот на сие 40 минути не оставајќи му простор на нивниот противнит да направи пресврт во резултатот.

Во финишот, Работнички славеше со 104-80 односно 31-16, 23-22, 23-13 и 27-29 по делници.

Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.