Со 3-0 во финалната серија од Плејофот во домашното првентсво во женска сениорска конкуренција, кошаркарките на Вардар триумфираа над противничките од Бадел 1862.

Кошаркарките предводени од Жаклина Стојановска трипати за една седмица славеа над ривалките и тоа со 75-44, 63-83 и 79-65.

За кошаркарките на Вардар ова е премиерна титула во оваа конкуренција.

Славица Наков се здоби со признанието најкорисен играч (MVP) на финалната серија.