Репрезентацијата до 20 години денеска во салата Кале го одржа првиот официјален собир со кој го означи почетокот на подготовките во пресрет на Европското првенство (дивизија Б) кое летово ќе се одржи во Португалија.

Неколку дена Дарко Радуловиќ ќе тренира со своите избраници во Скопје, а потоа ќе замине во Маврово на камп. Младинската репрезентација во рамки на подготвителниот период ќе одигра и неколку пријателски натпревари, на домашен терен и на гости, а кон средината на јули ќе замине за Португалија.