Кошаркарките на бадел 1862 ги совладаа врсничките од Струга 2009 во финалето на завршниот турнир и ја освоија шампионската титула во возрасната категорија до 18 години.

Дамите на Анета Глигорова им се реваншираа на противничките од Струга 2009 за ланскиот пораз во финалето со убедливи 68-40 кои овој пат значеа шампионски трофеј. Бронзените медали им припаднаа на кошаркарките на Баскет Кам кои беа подобри од Шкупи во натпреварот за трето место со 61-30.

Кошаркарката Катерина Поп-Димитрова се здоби со признанието најкорисен играч.

Резултати полуфинале
Бадел - Баскет Кам 61-35 
Струга 2009 - Шкупи 66-35