Најмладите кошаркари на Вардар односно Вардар 2 ги освоија шампионските титули во возрасните категории до 12 односно до 13 години на завршниот турнир кој се одигра изминатиот викенд. Вторите места им припаднаа на Партизан Мулти Шпед односно на Академија ФМП додека бронзените медали ги освоија најмладите кошаркари на Баскет Кам односно на Вардар 1.

Кошаркарите Доријан Ивановски од Вардар и Бојан Величковски од Вардар 2 се прогласени за најкорисни играчи во соодветните возрасни категории.

Резултати М12
Четвртфинале

Вардар – Феникс 2010 83-38
Карпош Соколи – Партизан МШ 0-20
Баскет Кам – Водњански Лисици 72-31
МЗТ СА – Куманово 35-48

Полуфинале
Вардар – Куманово 64-45
Партизан МШ – Баскет Кам 76-48

Натпревар за трето место
Куманово - Баскет Кам 38-43
Финале
Вардар – Партизан МШ 60-55

 

Резултати М13
Четвртфинале

Вардар 2 – Баскет Кам 20-0
Академија ФМП – Партизан МШ 69-67
Вардар 1 – Гостивар 47-37
МЗТ СА – Водњански Лисици 54-45

Полуфинале
Вардар 2 – МЗТ СА 65-61
Вардар 1 – Академија ФМП 63-66

Натпревар за трето место
МЗТ СА – Вардар 1 61-80

Финале
Вардар 2 – Академија ФМП 69-46

Фотографии од сите натпревари се достапни на официјалната FACEBOOK страница на Кошаркарската федерација на Северна Македонија на следниот ЛИНК.