23.06.2019

Две победи и еден пораз за јуниорките на турнирот во Скопје

Две победи и еден пораз е вкупниот резултат кој го остварија нашите јуниорки на турнирот организиран во нашата престолнина Скопје. Женската национална селекција до 18 години, која ова лето ќе ги брани боите на нашата република пред домашната публика на Европското првенство (дивизија б), тековниот викенд ги нагости соодветните возрасни национални селекции на Турција, Бугарија и на Грција на првите контролни натпревари во рамки на подготвителниот период.

Избраничките на Жаклина Стојановска одиграа на висината на задачата запишувајќи две победи од три одиграни натпревари. На првиот натпревар, кошаркарките го запишаа единствениот пораз, од противничките од Турција. Следеше триумф против врсничките на Бугарија, а турнирот го заокружија со триумф над кошаркарките на соседна Грција.

Јуниорките ќе продолжат со подготовките во Скопје, а ќе одиграат уште два пријателски натпревар – против Косово и против Швајцарија.

Европското првенство за кошаркарки до 18 години, во Б дивизија, ќе започне на 5. јули.

Нашите кошаркарки групната фаза ќе ја одиграат во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.

РЕЗУЛТАТИ ТУРНИР СКОПЈЕ ЖЕНИ М18
20.06.2019
17:00h
Северна Македонија - Турција 61-101
21.06.2019
17:00h
Турција - Грција 60-55
19:15h
Бугарија - Северна Македонија 68-74
22.06.2019
14:30h
Турција - Бугарија 107-43
17:00h
Северна Македонија - Грција 81-72
23.06.2019
14:00h
Грција - Бугарија 78-64