23.06.2019

Една победа за младинците на турнирот во Скопје

Нашата младинска репреентација за нешто повеќе од дваесет дена колку што се подготвува за Европското првенство (дивизија Б) веќе одигра шест пријателски натпревари. Избраниците на Дарко Радуловиќ разигруваа против врсниците на Косово во Маврово, а потоа одиграа и двомеч против Бугарија во Скопје. Тековниот викенд, репрезентативците до 20 години ги нагостија соодветните селекции на Црна Гора, Косово и на Русија на пријателски турнир на кој запишаа една победа.

За нашите младински репрезентативци следат уште четири натпревари, двомеч против Унгарија и двомеч против Бугарија на гостински терен, во пресрет на настапот на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 20 години кое ќе се одигра во Португалија.

21.06.2019
18:00h
Северна Македонија - Црна Гора 45-75
20:15h
Русија - Косово 77-43
22.06.2019
18:00h
Косово - Северна Македонија 55-77
20:15h
Црна Гора - Русија 67-70
23.06.2019
18:00h
Црна Гора - Косово 78-33
20:15h
Северна Македонија - Русија 79-85