Кошаркарите родени 2004 година ќе продолжат со активностите по завршување на вториот камп на втората генерација од проектот „Заедно до М16“ кој се одржи изминатата седмица во Маврово.

Кошаркарите од генерацијата М15 ќе одржат неколку селективни тренинзи во Скопје. Првиот е закажан за в среда (26. јуни) со почеток во 9:30 во спортската сала „Градски Парк“.

Селектираните кошаркари ќе бидат информирани за понатамошните активности на репрезентацијата.

  1. Теодор Симиќ – Барселона
  2. Ненад Благоевски – Академија ФМП
  3. Виктор Стојковски – Партизан Мулти Шпед
  4. Марко Трипуновски – Партизан Мулти Шпед
  5. Петар Бошалески – Работнички
  6. Мартин Оровчанец – Вардар
  7. Тома Стојаноски – Гостивар
  8. Гојчо Стефковски - Партизан Мулти Шпед
  9. Мартин Ѓорѓиоски – Работнички
  10. Петар Башовски – Партизан Мулти Шпед
  11. Теодор Гудев – Ролинг 08
  12. Дарко Крстевски – Феникс 2010
  13. Теодор Добревски – Работнички
  14. Бојан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
  15. Лука Димитриевски – Куманово
  16. Ненад Јовановиќ – Стела Азура
  17. Лука Џинес – Струмица
  18. Бојан Николовски – Академија ФМП
  19. Борјан Ангелковски – МЗТ Скопје Аеродром
  20. Никола Арсовски - Вардар