Нашата кадетска репрезентација се враќа непоразена од турнирот „Христо Донков“ кој во изминатите четири дена се одигруваше во Габрово.

Денис Дервишевиќ ги предводеше своите избраници до четири нови победи на салдото кои ќе им бидат дополнителна мотивација за уште понапорна работа во периодот што следи.

На турнирот, нашата репрезентација си ги одмери силите со Романија, Украина и со клубовите ИБЦ и НАБА.

Кошаркарите од репрезентацијата до 16 години по враќањето од Бугарија ќе продолжат со тренирање во Скопје, а потоа ќе ги нагостат соодветните национални селекции на Израел, Чешка и на Полска на пријателски турнир во Скопје. Ден по турнирот Дервишевиќ со своите кошаркари ќе замине за Маврово на финално темпирање на формата пред заминување за Италија на континенталниот собир во оваа возрасна категорија.
 

Романија – Северна Македонија 69-85 (24-20, 23-23, 12-21, 10-21)
Украина – Северна Македонија 88-90 (29-26, 21-19, 26-18, 12-27)
ИБЦ – Северна Македонија 50-68 (16-12, 11-8, 6-22, 17-26)
Северна Македонија - НАБА 89-76 (25-24, 22-25, 18-9, 24-18)