Нашата младинска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство, дивизија Б, нма шеснаесеттото место.

Репрезентативците до 20 години одиграа вкупно седум натпревари, четири во рамки на групната фаза и уште три во втората фаза за разигрување за конечен пласман. Во групната фаза, младинците разигруваа против организаторот Португалија, Белгија, Луксембург и против Словачка и со една победа зад себе се пласираа на четвртото место во групата Д што значеше разигрување за пласман од деветтото до шеснаесеттото место.

Во фазата за разигрување, нашите младинци разигруваа против Естонија, Унгарија и повторно против Словачка. Со три порази против овие противници, младинците се пласираа на шеснаесеттото место.

Детална статистика од натпреварите на нашата репрезентација, фотографии и видео снимки од натпреварите можат да се погледнат на следниот линк.