Трите најдобро пласирани репрезентации на Европското првенство за кошаркари до 18 години во дивизија Б ќе се здобијат со право за учество во дивизија А за идното лето.  Последно рангираната репрезентација, на 24. место, идното лето ќе се натпреварува во дивизија Ц, доколку победникот од дивизија Ц ова лето ја прифати поканата да учествува во дивизија Б, а бидат пријавени 24 репрезентации за учество.

Нашите репрезентативци до 18 години се дел од групата Б и во рамки на групната фаза ќе разигруваат против соодветните национални селекции на Ирска, Украина, Грузија и против Данска.

Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на ФИБА, а на официјалната веб страница на првенството ќе бидат достапни и линкови од статистика во живо како и фотографии од натпреварите.