28.07.2019

Две победи за кадетите на турнирот во Скопје

Кадетските репрезентативци, предводени од селекторот Денис Дервишевиќ, запишаа две победи на турнирот кој викендот што изминува се одигра во Скопје.

Нашите репрезентативци до 16 години кои се подготвуваат за континенталниот собир во Италија ги нагостија селекциите на Чешка, Полска и на Израел и ги одиграа последните пријателски натпревари во пресрет на Европското првенство.

По ден за одмор, кадетите ќе заминат за Маврово на финално темпирање на формата.

Резултати турнир Скопје

26.07.2019
17:00h Полска – Чешка 73-61
19:00h Северна Македонија – Израел 65-66

27.07.2019
17:00h Чешка - Израел 55-79
19:00h Полска – Северна Македонија 66-71

28.07.2019
10:30h Чешка – Северна Македонија 61-68
19:00h Израел – Полска 82-69