Нашиот прв и засега единствен арбитар со ФИБА 3х3 лиценца, Андреј Златевски, викендот што измина за првпат ја делеше правдата на меѓународен 3х3 турнир. Златевски ја доби довербата на ФИБА 3х3 да ја дели правдата заедно со уште пет свои колеги на квалификацискиот турнир за Европскиот Куп во возрасната категорија за кошаркари и кошаркарки до 18 години кој се одигра во Воирон, Франција.

Андреј Златевски се здоби со ФИБА 3х3 лиценца откако ги мина сите тестови на осумнаесеттата ФИБА 3х3 клиника која се одржа во Букурешт, Романија во август 2018 година.