Нашата кадетска репрезентација од деветти август учествува на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се одржува во Удине, Италија.

Кадетите се дел од групата Б заедно со соодветните селекции на Шпанија, Израел и на Летонија. На првиот натпревар нашите кадети одиграа изедначен натпревар против врсниците од Шпанија и запишаа тесен пораз. На кошаркарите на Израел им беа потребни три продолженија за да ни го нанесат вториот пораз. На третиот натпревар го запишавме првиот триумф, против соодветната селекција на Летонија.

Вкупниот резултат не пласира на третото место во групата, што значи разигрување во втората фаза која почнува со round of 16 против второпласираниот во групата А - селекцијата на Русија. Потоа следи разигрување против Турција или против Босна и Херцеговина во зависност од резултатот.