Нашата женска кадетска репрезентација изминатите неколку дена учествува на Европското првенство за кошаркарки до 16 години, дивизија Б кое се одигрува во бугарската престолнина, Софија. 

Избраничките на Виолета Здравковиќ одиграа четири натпревари во рамки на групната фаза и не успеаја да запишат ниту еден триумф. Како последни во групата Д, нашите кошаркарки ќе разигруваат за пласман од 17. до 22. место заедно со репрезентациите на Швајцарија и на Косово како дел од новоформираната група Е.

Натпреварот против Швајцарија е закажан за на 22. август додека натпреварот против Косово ќе се одигра ден потоа (23. август).