Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија денеска им ги подели топките Spalding TF-1000 кои кон крајот на минатиот месец беа најавени како донација од КФСМ за клубовите кои претстојната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига во машка сениорска конкуренција.

Топките донирани од Кошаркарската федерација на Северна Македонија се задолжителни за сите натпревари во организација на КФСМ.