Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, на чело со Претседателот Перо Антиќ, Генералниот Секретар Владимир Георгиевски и Спортскиот Директор Тодор Гечевски јавно истакнува и потенцира дека ќе продолжи со несебична поддршка на сите кошаркарски клубови.

Клубовите кои минатата натпреварувачка сезона 2018/2019 се натпреваруваа во вториот ранг на натпреварување во машка сениорска конкуренција (Втора лига мажи, Исток и Запад) заедно со клубовите кои се натпреваруваат во младинските категории, не добија ваучер за користење на средства од даночно ослободување по Законот за данок на добивка.
Нивниот став и незадоволство денеска го презентираа пред раководството на КФСМ за одложување на стартот на првенството и евентуално откажување од лигата во целост доколку мерките кои претходно беа ветувани и најавувани не бидат исполнети за дополнителен стимул за поддршка и развој на клубовите кои не се натпреваруваат во највисокиот степен на натпреварување во домашното првенство (Прва лига мажи и жени).

Кошаркарската федерација на Северна Македонија го прифати ставот на клубовите.