Водечката екипа во шампионатот, барем според оние статистички информации од центарот за статистика на КФСМ, и ја оправдува таа позиција – лидерската.

 

Гостивар

Со 632 реализирани поени, или просек од преку 90. поени, гостиварци се на првото место во таа статистичка категорија.

Гостиварци имаат реализирано и 261. скок, односно во просек по 37.43 скока по натпревар, со кои во овој момент се на 4. позиција. Имаат реализирано и 131 асистенција, односно 18.71 по меч, доволно за втората позиција во оваа категорија.  

 

МЗТ Скопје Аеродром

По седум одиграни кола, кошаркарите на МЗТ Скопје се на второто место според бројот на реализации. Имаат 599 поени (просек од 85.5 по меч), просек од 37.4 скока, како и 16.57 додавања по натпревар.

 

Кожув

Екипата од Гевгелија може да се пофали со податокот дека имаат најголем број на асистенции. Во просек реализираат по 19.29 по средба.

Но и поради податокот изразен преку 266.скокови, или 38. по натпревар, кој ја става четата на  тренерот Александар Јончевски во лидерска позиција во оваа статистичка категорија.  

 

Еуро Никел 2005

Бројките на екипата од Кавадарци соодејствуваат со актуелниот пласман на табелата, на позицијата број 4.

Во просек кошаркарите на Еуро Никел 2005 реализираат по 84.29 поени, 37.57 поени, одосно 16.57 додавања на еден натпревар.

 

Работнички

Некогашниот првак ја расипа статистиката на последните три натпревари. Па во овој момент, по седум одиграни натпревари се на петото место според бројот на постигнати поени – 544 (просек од 77.71), шести се според бројот на скоковите – 35,71, и четврти на листата на најдобри асистенти-18.43.

 

Куманово 2009

Кумановци немаат некоја резултатска константа, но затоа пак постојано имаат екипа која е составена од поединци кои знаат и тоа како добро да додаваат. Секако, најголемите заслуги одат на адресата на Марјан Младеновиќ, кој има двоцифрен број на успешни додавања до соиграчите, па оттука и највисокиот просек во таа статистичка компонента – 19.71 асистенции по средба.

 

Пелистер

Пелистерци се „тука некаде“ на границата од 80.реализирани поени по натпревар, што е сосема добра бројка за екипа која во овој момент е на позицијата број 7 во Првата лига. Освен тоа битолчани се и на просек од 32. скока, односно 17. асистенции во седум одиграни натпревари.

 

Академија ФМП

Последните добри игри (и победи) ја подигнаа онаа статистичка бројка за „пантерите“. Нивни актуелни бројки се 545. поени – просек од 77.86 на еден натпревар, потоа 30.86 скока, односно 16.14 асистенции.

 

Вардар

Најдобрата статистичка компонента за Вардар е онаа скокачката. Истата вели дека во седумте одиграни средби„ црвено-црните“ реализирале вкупно 260. скокови или во просек по 37.14 на натпревар, што е една од подобрите во ова рангирање. Но далку назад се според бројот на дадени поени – 505, или 71.86 по натпревар, односно сто додавања кои се граничат со просек од 14.29.

 

МЗТ Скопје – Уни Банка

Како што се вели (не) искуството си го прави своето. Барем во уводниот дел од шампионатот. Еден таков недостиг со себе носи и нешто помали бројки во скоро сите статистички параметри.

Во овој момент младите „металци“ имаат уфрлено 477.поени (68.14 по натпревар), остварено 228.скока (32.57), и 96. успешни додавања, што чини просек од 13.71 по меч.

НАПОМЕНА: Комплетната кумулативна статистика во Првата лига – мажи по седум одиграни кола, може да се погледне со кликање на имињата на клубовите во текстот.