Телевизијата Сите 3 ќе врши пренос од сите натпревари во тековната седмица кои ќе бидат одиграни во вечерните термини. Станува збор за натпреварите од завршните турнири во младинските лиги кои всушност се дел од неделата на мак-баскетот која ја одбележува Македонската кошаркарска федерација.

Денес на распоредот на пренос на телевизија Сител 3 ќе биде финалниот наптревар кој ќе го одлучи шампионот во возрасната категорија до 18 години. Синоќа, Работнички го совлада МЗТ Скопје Аеродром со убедливи 98-60 и се пласира во финалето додека во вечерниот термин Вардар направи пресврт во вториот дел од натпреварот и славеше против Шкупи со 88-80.

Следно на распоредот за преноси е второто полуфинален натпревар од завршницата во првенството до 14 години помеѓу екипите на Феникс 2010 и Вардар закажан за утре (7. јуни) со почеток во 20:00 часот, како и финалниот натпревар закажан за еден ден подоцна.

Вториот полуфинален натпревар од завршницата во првенството до 16 години кое ќе се одигра на 9. јуни помеѓу Партизан Водно Санс 2 и Вардар ќе биде пренесуван во живо на Сител 3, како и финалната пресметка закажана ден подоцна (10. јуни).