По 16 часа пат, македонскиот национален кошаркарски тим дојде на својата крајна дестинација.
Македонската национална кошаркарска експедиција тргна рано изутрина, пред шест, а во Перм стигна во 22 часот. по средноевропско време.
Градот кој се наоѓа на југоистокот од Русија временски е „одалечен“ четири часовни зони ( понапред од Македонија) и во моментот на пристигнувањето таму е два часот по полноќ. Репрезентацијата патуваше преку најдобрата транспортна варијанта која ја имаше на располагање, односно преку Софија и Москва.
Според планираните активности, изутрина кошаркарите ги очекува комплетне опоравок, а во вечерните часови -тренинг. Согласно со правилата на ФИБА, во терминот на одигрување на натпреварот.
Натпреварот против Русија е на програмата на 23 февруари од 16 часот по средноевропско време. Најавен е директен пренос, кој ќе оди на „Спортклуб 2“, истиот оној канал кој ја пренесуваше средбата Македонија-Естонија во четврток навечер во Скопје.