12.12.2021

Навико Академија ФМП и ТФТ одиграа израмнет и драматичен натпревар, на крајот победата остана за домашата екипа (90:89)

10. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Ајви ја постави Навико Академија ФМП на третото место на табелата!

Доста неизвесен и израмнет натпревар, до последните секунди одиграа двата скопски ривали вечерва во салата „Независна Македонија“. Го реши Американецот во редовите на Навико Академија ФМП, Бре Ајви, со тројка на една секунда пред крајот. . 

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ТФТ       90:89

На крајот на првата четвртина Навико ФМП Академија имаше сосема солидни (22:15). Заслужени, ако се земе в предвид дека имаа постојано водство во тој уводен сегмент од натпреварот во „Независна Македонија“. Дел од играта во кој свои минути имаше Филип Бакоч, кој запиша девет поени во десет минути.

Домашните кошаркари имаа двоцифрен плус од десет поени (31:21) во средината на втората четвртина. Хортон и Сапунџиев, за момент, намалија на (25:31).

Израмнето се играше и во продолжението на натпреварот. По три одиграни периоди, резултатот беше егал (61:61). Исто така беше и на три и пол минути пред крајот (79:79). Но Двојаковски со „двојка“ и Стојановски со тројка, му донесоа плус 5 (84:79) на домашниот тим, за нов „тајм аут“ на тренерот на ТФТ, Боро Смилковски.

Се чинеше дека „лавовите“ имаат „добитна комбинација“. Но Костоски со тројка (негов 17.поен) го врати ТФТ на „еден посед“ негатива, (84:86). А во наредниот напад, шансата за израмнување не ја искористи Хортон, кој ги промаши двете слободни фрлања.

Сепак, Ајви беше делумно точен од истата позиција за (87:84), а Николов на спротивната страна од теренот за 985:87). Следуваа две нереализирани слободни фрлања на Темелковски по што, на 11 секунди пред крајот, Хортон доби нова шанса за да донесе нерешен скор.

Но Американецот погоди само едно од двете слободни фрлања. За среќа, неговата екипа остана во напад. Двојаковски направи прекршок над Костоски. А овој беше непогрешлив, за водство на ТФТ (89:87) на само осум секунди пред крајот на драматичниот меч во Кисела Вода.

Но тука не беше крајот, барем така не мислеше Били „Бре“ Ајви, кој на една секунда пред крајот, погоди тројка за промена на водството и победа на домашната страна (90:89).

За скор )7-3) и за трето место на таблата за Навико Академија ФМП по десет одиграни кола во Првата лига.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка      75:71

Навико Академија ФМП – ТФТ 90:89

Пелистер – Гостивар       101:66

Феникс 2010 - МЗТ Скопје Аеродром           90:83

Кожув – Ангели105:67

Еуро Никел 2005 – Работнички           95:77

ТАБЕЛА: Пелистер 20, МЗТ Скопје Аеродром 18, Навико Академија ФМП 17, Работнички 16, Гостивар 15, Еуро Никел 2005 15, , Кожув 15, Феникс 2010 15, ТФТ 14, Куманово 13, МЗТ Скопје Уни Банка 11, Ангели 10;

ИДНО КОЛО (18.12)

МЗТ Скопје Уни Банка – Феникс 2010

Работнички – Куманово 2009

Гостивар – Кожув

МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП

Ангели – Еуро Никел 2005

ТФТ - Пелистер