Со максимални десет победи во исто толку одиграни натпревари го дочекуваат кошаркарите на Пелистер гостувањето во Сараево, каде во текот на наредната седмица ќе го играат третиот „балон“ од АБА 2 лига.
Ниту Гостивар не најде решение за играта на „зелено-белите“ во овој прв круг од натпреварите во Првата лига.
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР 101:76
Особено тоа се однесува за првата четвртина, која се покажа и како решавачка на првиот ме од десеттото коло кое стартуваше вечерва поради обврските на двата наши претставници во АБА 2 лигата.
За само дест минути, „зелено-белите“ направија неверојатни (35:9). Разлика која се покажа како недостижна за гостиварци во наредните две четвртини од играта.
Период во кои се играше доста израмнето, и во кои „сино-белите“ не најдоа решение да го намалат високиот стартен дефицит.

Посебно расположен за игра беше Игор Кесар, кој за 30.минути во игра реализираше исто толку поени. Но посебно добра соработка имаше со искусниот Караџовски, потоа и Малешевиќ.
Успехот добива на тежина ако се земе в предвид дека тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски не можеше да смета на репрезентативните имиња (Ѓуроски и Трајковски).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10. КОЛО
Пелистер – Гостивар 101:76
Феникс 2010 - МЗТ Скопје Аеродром во тек
САБОТА:
17.30: Кожув – Ангели
Сала „26.април“ – Гевгелија
https://youtu.be/-qFQeLSRsbY
18.00: Еуро Никел 2005 – Работнички
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
https://youtu.be/DKnSLoE5JrU
НЕДЕЛА:
18.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка
Сала „Перо Наков“ – Куманово
https://youtu.be/-YmskbPFGpc
19.00: Навико Академија ФМП - ТФТ
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
https://youtu.be/JfcWZsW3T98