11.12.2021

Гевгеличани лесно го победија најслабиот тим во лигата (105:67)

10. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кожув веќе има 50% на успешност

Со победата на последнопласираниот тим во лигата, Ангели, кошаркарите на Кожув стигна и до половичен ефект во шампионатот. Дојдоа до петтата победа во последните шесте одиграни првенствени натпревари

КОЖУВ – АНГЕЛИ 105:67

Гевгеличани остварија предност (41:33) на истекот на првото полувреме. Период од играта во кој комплетната прва петорка стигна да го погоди кошот на противникот. А свој придонес, поентерски, дадоа и Нацевски и Синадиновиќ, кои не го почнаа натпреварот.
На другата страна, ефикасно одигра Атанасов, стрелец на 14. поени.

Симоновски и Вилијамс беа првите со двоен број на поени кај Кожув, екипа која со уводните (10-2) во третиот период за само три минути ја покачи позитивата на двоцифрена (51:35).

Во 26. минута веќе беше и (62:41), а до истекот на тој трет, и решавачки дел, Кожув имаше и недостижни (78:51).      

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10. КОЛО

Пелистер – Гостивар       101:66

Феникс 2010 - МЗТ Скопје Аеродром           44:46

Кожув – Ангели          105:67

Еуро Никел 2005 – Работнички           (во тек)

НЕДЕЛА:

18.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/-YmskbPFGpc

19.00: Навико Академија ФМП - ТФТ

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/JfcWZsW3T98