09.12.2021

Водечките две екипи вечерва ќе го одработат десеттиот круг од натпреварите во елитната дивизија

10. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром подготвени за продолжение на победничките серии

Екипите на Пелистер и на МЗТ Скопје Аеродром неколку дена порано од планираното ќе ги одиграат натпреварите од десеттото првенствено коло.

Јасно и поради што доаѓа до мала измена во календарот, од почетокот на следната седмица ќе бидат дел од „балонот“ во АБА 2 лигата кој ќе се игра во Сараево.

Лидерот на првенствената табела ќе има сериозен предизвик во дуелот кој од 18.30 часот ќе го играат на домашен терен против екипата на Гостивар. Избраниците на тренерот Марјан Илиевски атакуваат и на десеттиот триумф по ред, од друга страна пак гостиварци ќе се обидат да го повторат она од ланската година, кога славеа убедлив триумф во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Секако, и да се обидат да се рехабилитираат за поразот во претходното коло, на домашен терен од Навико Академија ФМП.  

Иако номинално како гостин, бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје вечерва важи за голем фаворит во мечот против новиот „цимер" во СЦ „Јане Сандански“, екипата на Феникс 2010.

„Металците“ се во одлична серија од осум последувателни триумфит, па вечерва, пред тргнувањето за БиХ, ќе го бараат и деветтиот.

Феникс 2010 покажа дека знае да изненади, но за многу работи во овој дуел ќе се прашуваат „сино-белите“.

Два меча од 10.коло ќе се играат во сабота, уште толку во неделниот термин.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 10. КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.30: Пелистер – Гостивар (МРТ)

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/nFDRKBBgstg

19.00: Феникс 2010 - МЗТ Скопје Аеродром

Спортски центар „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/R6Cbh2tsKtA

САБОТА:

17.30: Кожув – Ангели

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/-qFQeLSRsbY

18.00: Еуро Никел 2005 – Работнички

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/DKnSLoE5JrU

НЕДЕЛА:

18.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/-YmskbPFGpc

19.00: Навико Академија ФМП - ТФТ

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/JfcWZsW3T98