11.12.2021

Кавадарчани имаа одлична трета четвртина во која ја поништија предноста на Работнички и победија по петти пат во десет кола (95:77)

10. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пресврт-победа за Еуро Никел 2005, за чекор напред во средишниот дел од табелата

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 направија голем играчки и резултатски пресврт во третиот период од играта во дерби дуелот со Работнички.

Од двоцифрен минус, влегоа во двоцифрен плус, за петти триумф во сезоната со кој направија лекор понапред на првенствената табела.  

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – РАБОТНИЧКИ     95:77

По израмнетата прва четвртина, во која домаќините беа за еден поен подобри (21:20), кошаркарите на Работнички ја отворија втората со серија од (10-3), сосема доволно за да го превземат водството (30:23), по 14.минути од играта.

Дури тројца гостински кошаркари во таа рана фаза од натпреварот ја надминаа бројката од барем десет поени. Ако то и се очекуваше од Марковски (даде 13), многу помали беа очекувањата на тренерот Тони Симиќ дека тоа ќе бидат Какруки (11) и Златевски (12).

Но по 18.минути резултатот беше нерешен (41:41) по заслуга на колективниот пристап кој го прикажаа кавадарчани во првото полувреме.

Но, други двајца млади кошаркари, Данаиловски и Величковски ја оставија предноста за гостите по 20.минути игра (45:41).

Сето тоа Работнички го реализираше без помош на странското трио, Пол, Мустафица и Мацура!

Иако осетно ослабени, гостите подобро го отворија и третиот период. Со серија од (8-2) имаа „вишок“ од десет поени (53:43).

Но се чини дека Работнички имаше сила само за толку. Практишно од тој момент тргна една неверојатна серија на Еуро никел 2005. Дадоа 18, примија само два поени, и за четири минути кавадарчани направија комплетен пресврт.

Во 26.минута, по заслуга на Соколов, Ѓекиќ и Дубински, поведоа со (64:55)...

Во таа одлична офанзивна четвртина кавадарчани дојдоа до 35. реализации, и уште повисока предност од (76:65).

Од тој удар гостите од Скопје не успеаја да се опорават, па Еуро Никел 2005 стигна до 50% ефект во шампионатот, пет победи и пет порази. Една помалку во однос на Работнички (6-4).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10. КОЛО

Пелистер – Гостивар       101:66

Феникс 2010 - МЗТ Скопје Аеродром           44:46

Кожув – Ангели     105:67

Еуро Никел 2005 – Работнички           95:77

НЕДЕЛА:

18.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/-YmskbPFGpc

19.00: Навико Академија ФМП - ТФТ

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/JfcWZsW3T98