Играа како да не се дебитанти, а го совладаа актуелниот првак, и екипата која покрај Пелистер, имаше одлична серија од осум победи.
Низот на МЗТ Скопје Аеродром го прекинаа кошаркарите на Феникс 2010. Иако мораа да одиграат и продолжение од пет минути за да се добие конечниот победник, не оотклекнаа под притисоците на „металците“. Затоа се наградени со голема победа, петта за нив в десет одиграни мечеви во друштвото на најдобрите,
Феникс 2010 - МЗТ Скопје Аеродром 90:83
Две апсолутно израмнети и играчки и резултатски четвртини одиграа „соседите“ во СЦ „Јане Сандански“, екипите на Феникс 2010 и на МЗТ Скопје Аеродром.
За тоа говорат и двата резултати, парцијално гледано, кои ги добија условно кажано „гостите“ со минимални (23:22) и водство од (46:44) по 20.одиграни минути.
Период од играта во која кај „сино-белите“, Стојановски и Рикиќ дадоа по 11 поени, а Вер имаше еден помалку, а на другата страна од теренот двоецот Морган-Џонс искомбинира вкупно 15.
Ништо не се промени во играта, и во резултатот и по големиот одмор. Се играше рамноправно, ниту една од двете екипи не озбезбеди некоја посериозна предност. Дури во последните две минути, видовме серија на дебитантото од девет по ред поени, со која од минус од пет поени (58:63) стигнаат до водство (67:63) по три одиграни четвртини.
Не застанаа тука момците кои ги предводи тренерот Денис Дервишевиќ. По новите пет поени, и тројката на Стојановски, по две и пол минути игра во последниот период, Феникс 2010 „побегна“ и на највисоки (72:63). Доволно за тајм-аут за неговиот колега, Дарко Радуловиќ, кој на оваа средба не можеше да смета на репрезентативецот Кристијан Николов.
По поените на Митревски, на четири минути пред крајот домашоните ја имаа истата резултатска дистанца (78:69). Очекувано, фаворитот не ги дигна рацете, напротив, со контра-серија од (8-1) за само две и пол минути играње се доближи на – 2 (77:79).
Серијата на продолжи Милошевиќ, со двете реализирани слободни фрлања, го донесе МЗТ Скопје Аеродром до нерешени (79:79) и само 40.секунди за конечно решение. Не го донесоа ниту обидите на Џонс на едната, односно Стојановски на другата страна, па мораше да се игра продолжение од пет минути.
Добитна комбинација имаа „фениксовци“ на 54. секунди пред крајот на екстра периодот кога поведоа со (87:83).
Овојпат не ја пропуштија. Тројката вредна сензационална победа ја постигна Митревски, за недостижни и конечни (90:83).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10. КОЛО
Пелистер – Гостивар 101:76
Феникс 2010 - МЗТ Скопје Аеродром 90:83
САБОТА:
17.30: Кожув – Ангели
Сала „26.април“ – Гевгелија
https://youtu.be/-qFQeLSRsbY
18.00: Еуро Никел 2005 – Работнички
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
https://youtu.be/DKnSLoE5JrU
НЕДЕЛА:
18.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка
Сала „Перо Наков“ – Куманово
https://youtu.be/-YmskbPFGpc
19.00: Навико Академија ФМП - ТФТ
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
https://youtu.be/JfcWZsW3T98