26.12.2020

Тимот од Тафталиџе имаше одлична завршница во која го совлада Гостивар (81:73)

10. КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ му се врати на победувањето

 

 По пет порази по ред (четири од нив во БИБЛ лигата), кошаркарите на ТФТ го пронајдоа патот кон победата. Во дуелот против екипата на Гостивар, екипата од Тафталиџе имаше доста подобра завршница од екипата која важеше како фаворит, и стигна до мошне значаен триумф пред паузата во Првата лига.

За нив четвртти во шест одиграни мечеви, за место во горниот дел од табелата.

ТФТ – ГОСТИВАР   81:73

Првото полувреме од мечот во СРЦ „Кале“ помина во апсолутно изедначен ритам. Ниту една од двете екипи не успеа да обезбеди некоја поголема предност. Освен во уводните минути од натпревар. По 10.минути игра беше нерешено (18:18), иако гостите од Гостивар водеа и со (18:12), две минути порано.

Ист, егал резултат (32:32) беше и во 18.минута, иако по втор пат во текот на играта, претходно Гостивар водеше со (30:26).

До истекот на првото полувреме, екипата на ТФТ се снајде подобро, и го реши тој дел од играта во своја корист со водство од (39:36).

На крајот и добро, ако се земе в предвид дека „бело-црните“, чие силно оружје е шутот од далечина, погодуваа само со 16% на успешност (2/12) во обидите за три поени.

На другата страна, Гостивар имаше дури 11.загубени топки, но и два скока помалку во однос на противникот кој има далеку пониска постава.

Стартните (9-3) и водството од (48:39) го натера тренерот на гостите, Марјан Србиноски да побара тајм-аут по нешто повеќе од три минути игра од продолжението.

Од тој момент, гостиварци делуваа многу подобро. Особено во нападот. Кога влегоа во играчки ритам каков што посакуваа, и зонска поставка во дефанзивата, дојдоа и до посакуваниот пресврт. Во последната минута од третата четвртина дојдоа во водство од четири поени (58:54), пред, сосема непотребно, Димчевски да не го „почести“ Хортон со три слободни фрлања (реализираше само едно).

Гостиварци застанаа комплетно во последниот период. Скоро пет минути беа без реализација и поени. ТФТ го казни тоа, го врати водството. Со серија од (8-0), домашната екипа поведе со (63:58). На 2:55 минути до крајот, домаќините имаа (67:61). А по тројката на и Андерсон плус 7, (70:63).

Гостиварци се вратија на (66:70), но тоа не им помогна да го избегнат третиот пораз во чест одиграни натпревари во овој уводен и некомплетен дел од сезоната.